Google реклами со листинг на производи
Од Никола Бојков - пон ное 21, 9:23 am

Почнува лудата треска за шопинг околу нова година, па во таа насока Google претстави нов формат на реклами – Product Ads.
Овој формат на реклами содржат дисплеј на производи достапни во веб продавницата на огласувачот. Идеата е да се прикажат производи уште пред да дојде корисникот на самиот вебсајт, со цел зголемување на интересот на купувачот да го избере пребаруваниот производ, истовремено олеснувајќи ја потребата за менаџирање на рекламите од страна на огласувачот.
Така, овие реклами се синхронизираат со Merchant сметките, со цел приказ на ажурирани информации за специфичен производ објавен во веб продавницата.
Во моментов, продукт рекламите се достапни во 2 формати,
- Product listing ads – не зависен формат од клучни зборови кој се поставува преку Google Merchant сметките со цел приказ на ажурирани информации за производи, како слиа, наслов, цена и име на трговецот.
- Extensions, – се опции за надополнување на рекламите кои таргетираат клучни зборови со информации за производите.
Со овие реклами се очекува зголемување на бројот на кликови, а со тоа и на бројот на релевантни потенцијални купувачи.
Според Google, овие реклами се базираат на CPA моделот (US only), кој всушност мери број на конверзии како најрелевантна основа за плаќање на реклами.
Дел од сетинзите не се достапни за сите – таргетирање по различни локации и сл. Еве видео, како се креираат овие реклами:


