Потребни ви се само 6 луѓе за да дојдете во контакт со било кој на планетава

Од Никола Бојков - вто ное 22, 6:31 pm

И покрај тоа што на планетава има околу 7 милијарди жители, потребни се само 6 луѓе за да дојдете во контакт со било кој на планетава.

Што значи ова?

Просто кажано, може да се направи врска помеѓу вас и било кој на планетава, со помош на 6 луѓе, кои се меѓу вас.

Во 1960 Stanley Milgram, направил мал експеримент. На група од волонтери им рекол да најдат начин да достават порака до 1 човек кој не го познаваат, со тоа што им го кажал неговото име и место на живеење. И така почнале сите преку пријатели и роднини, па тие преку нивни пријатели да ја достават пораката. Резултатите од овој експеримент биле изненадувачки, бидејки во просек, пораката поминала низ само 6 други луѓе пред да дојде до целта.

Неодамна Facebook со своите 800 милиони активни корисници, го повтори овој експреримент. Овој пат тие со помош на компјутерски алгоритми, врз основа на мрежите на пријателства на корисниците, се обидоа да откријат колку луѓе се потребни за да се поврзат било кои 2ца на планетава.

Врз основа на истражувањето, тие откриле дека оваа врска е дури пократка, кај 99,6 проценти од случаите е 6 конекции, додека кај 92 проценти, таа врска е со 5 конекции. Додека ако се бара врска помеѓу луѓе кои живееат во иста држава, потребни се само 4 конекции.

Прочитајте го целосната објава на Facebook овде!

Коментирај