Чичко Google станува уште поголем паметњакович

Од Никола Бојков - сре ное 23, 7:44 pm

Новите “финти” што Google ги презентираше за своите корисници, се однесуваат на унапредување на алгоритмите во прикажување на поспецифични резултати.  Ако се сеќавате, Google имаше само филтер за видеа, слики, но веќе воведе нови категории или филтри за намалување на времето потребно за корисникот да го најде она што го пребарува.

Така во оваа листа на категории ќе најдете. Everything, Images, Maps,Videos, News, Shopping,  Books, Places,  Blogs,  Flights,  Discussions, Recipes, Applications, Patents.

За секоја од овие категории, постојат специфични филтри соодветни за избраната категорија.

Најнова е  опцијата за пребарување на рецепти.  Така, ако пребарате фрази што содржат збор -храна, од левата страна ќе добиете нови филтри што ќе ви помогнат да го намалите времете за пребарување со користење на филтри според: состојки, време на приготвување, број на калории.

Пребарување на слики,

Ново унапредување на пребарувањето во Google е можноста за избор на слики веднаш со првото внесување на клучната фраза. Само внесете images или photos до зборот што го пребарувате и како прв резултат ќе добиете листа на фотографии што асоцираат согласно пребаруваниот збор.

 

Пребарување на летови

Со оваа функционалност, Google им го зема лебот на многу компании кои сепцијално се ориентирани на овој тип на пребарување. Така, на google.com/flights имате можност да пребарате летови. За жал, овој начин на пребарување е само достапен за летовите на територијата на САД.

 

Како надополнување на способностите за пребарување, користете ги новите опции во Google Inside Search и нормално, за да бидете гуру пребарувач во Google најбитно е да знаете точно што барате со цел побрзо да го најдете, нели?!

За сите SEO експерти ова е нов предизвик во оптимизација на своите содржини со цел “зафаќање” на повисоките позиции во рамките на Google резултатите.

Коментирај