3126 прегледи 2 коментари

МојТермин.мк – електронско закажување на прегледи

 
Foursquare собиранка во Рамстор за отклучување на Super Swarm беџот
 
 
Кул e-mail маркетинг во пракса
 
 

МојТермин.мк - електронско закажување на прегледи
Конечно е најавено автоматизирање на процесите во македонското здравство. Од денеска се најавени новитети во начинот на избегнување турканици и долги редови во болниците.

Сервисот MojTermin.mk започнува да функционира од 1ви Декември со функционалности за електронско објавување и следење на листите на закажување прегледи во здравствените установи.

За почеток, овој сервис ќе биде имплементиран во установите со најдолги редици на чекање: Клиника за радиологија, Градската општа болница „8 Септември“ и Хирушката клиника „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Како што прочитавме од неколку извори, е најавен јавен пристап до овие листи за чекање. Хмм? Сеуште не сме сигурни што значи ова, но се надеваме дека нема да има јавна листа со име и презиме на пациенти, нели?!

Во пилот фазата процесот на закажување е скоро мануелен, со тоа што при првата посета пациентот ќе си добие бројче со кое ќе биде внесен од администратор во системот.

За наредните фази на развој на овој систем, најавени се опции за електронско закажување на термини од страна на пациентите, како и добивање на СМС нотификации при промени во закажаниот термин од страна на конкретен пациент.

  • Jovan

    Сега ќе знаеме кој од што боледува и каде се лекува!

  • teodora

    Sistemot za zakazzuvanje e taka napraven da vo potpolnost se zashtituva intimata na sekoj poedinec klient-pacient .Ova go velam zatoa shto pri zakazzuvanjata na mestoto za ime i prezime stoi shifra koja edinstveno ja znae liceto koe go izvrshuva zakazzuvanjeto i samiot klient – pacient .Ostanatata populacija moze da vidi samo rezervacija so vpishana shifra .Ova go govoram od liccno iskustvo .