Google со нов дизајн на главното мени

Од Никола Бојков - сре ное 30, 2:32 pm

Новите промени во изгледот и навигацијата во Google, вклучуваат нов дизајн на начинот на приказ на главното мени на Google.

Ако до сега навигацијата беше поставена во рамките на менито со црна позадина, во наредниот период навигацијата ќе биде пристапувана како drop-down од самото Google Logo.

На крајниот десен агол ќе биде додаден и линк до Google + профилот на корисникот, и можност за директно постирање во стримот на Google +.

На прв поглед, ни делува како суптилно решение за стандардизирање на пристапот до содржините при пребарување и нивно инстантно споделување на Google+

Како дел од оваа фаза на ре-дизајн, е опфатен и изгледот на Google Finance, кој ќе добие дизајн во согласност со новиот интерфејс на Google сервисите.

Коментирај