Facebook на берза во почетокот од 2012
Од Никола Бојков - чет дек 01, 11:29 am

Изминатите неколку денови на големо се пишува за IPO-то на Facebook, односно започнување со котирање на берза. Сумата со која се шпекулира е дека Facebook ќе понуди 10% од своите акции на продажба и очекува да собере $10 билиони, со што вкупната вредност на компанијата би изнесувала $100 билиони.
Доколку ова се оствари Facebook би имал едно од најголемите IPO во историјата, и неговата вредност ќе го вброи во најголемите компании во светот, само за споредба највредни компании се Apple и Exxon Mobil со вкупна вредност од околу $353 билиони. Но што би значело котирањето на берза? Прво нешто е дивидендата и акционерите секако. Во повеќе интервјуа претставници од Facebook како главна причината за котирање на берза ја наведуваа можноста, нивните вработените кои имаат акции да ги претворат акциите во пари, и со тоа да се зголеми бројот на милионери во светот
Секако парите кои ќе ги соберат од продажбата на акциите, Facebook ќе може да ги искористи за нови проекти и да тргне по стапките на Google со купување на старт-ап компании и нови технологии. Со оглед на фактот дека $10 билиони се значителна сума, може да очекуваме уште побрз развој на Facebook. Можеме да очекуваме и зголемување на бројот на вработени од сегашните 3,000+ на многу повеќе.
Мое видување е дека со оглед на тоа колку многу компании и инвеститори чекаат ред за да купат дел од Facebook, а и успешната 2011 година во која се очекува приходите да изнесуваат $4,27 билиони, успешната f8 конференција за партнери и developers и 800-те милиони активни корисници се добар предзнак за успешно IPO.
Но од друга страна, новите акционири ќе донесат нови барања, кои можеби ќе ја променат досегашната култура во компанијата. Дали апетитите за поголеми профити на акциoнерите на краток рок, би можеле да му наштетат на Facebook долгорочно? Ова секако не би требало да му влијае многу на Mark Zuckerberg, бидејќи нему по се изгледа не му се толку важни парите. Можеби Facebook ќе донесе и нешто ново во корпоративното управување и начинот на кој се организирани големите корпорации и ќе му покаже на светот како треба да изгледа секоја компанија во иднина.
Со успешен старт на Facebook како АД, ќе докаже дека е платформата преку која ќе се одвиваат голем дел од маркетинг активностите на компаниите во иднина, и дека социјалниот контекст е иднината на маркетингот.
Јас доколку би имал можност дефинитивно би купил акции во Facebook. Дали и Вие би инвестирале во Facebook и што мислите за котирањето на берза на Facebook?


