Twixlusive – начин на продажба преку Twitter

Од Никола Бојков - пон дек 05, 4:13 pm

Пред скоро месец дена, компанијата @Bonobos со цел да се ослободи од производите од летната сезона, започна 24 часовна кампања за распродажба на овие производи преку Twitter.

Ова е интересен концепт со кој се презентират успешни Twitter приказни за начинот на користење на 140 карактери во креирање на едноставни, но крајно ефективни маркетинг кампањи. Со цел да се покрене неизвесност и нормално да се поттикне поголем маркетинг на Twitter, зделката најавена од компанијата има формат од типот - ”Доколку успееме да постигнеме 50 Re-tweet во рок од 24 часа, ќе успееме да ја отклучиме зделката од 50% попуст”.  Во примерот со Bonobos, зделката е отклучена за 8 минути со вкупно 80 твитови!

Ефективноста се постигнува преку:

  • Едноставноста да се спроведе идејата – ви требаат само 140 карактери да ка соопштите на потенцијалните купувачи дека за 2 дена имате тотална распродажба.
  • Брзо генерирањето на информации – ставате зделка која треба да биде ре-твитувана со цел корисникот да добие попуст, и не ви треба систем да генерирате податоци за учесниците или пак за заинтересираните за вашите производи.
  • Брз начин на ширење на buzz – ако најавите дека за 2 дена ќе имате ексклузивен попуст само за тој ден, замислете само колку од вашите следачи ќе чекаат, ќе запишат во календари и сл, само за да не заборават.
  • И на крај, трошоците за самиот концепт, креатива, и реализација се скоро нула. Ако сакате, можете да потрошите некоја паричка, за да платите реклами за промовирани твитови.



Крајните резултати од оваа кампања во бројки:

  • 1,200% ROI за 24-часа
  • 13 пати поголема ефективност (CPA) во заштеда на трошоците во процесот за генерирање нови купувачи од Twitter споредено со други маркетинг канали користени од оваа компaнија

Добро е да се спроведе овој концепт ексклузивно само за твитерџиите, и да не ја рекламирате зделката на други канали, со цел нели да ја задржите ексклузивноста само за вашите верни следачи на Twitter и нормално да креирате перцепција на посебност на заедницата.

Имате ли вие идеја како да се искористи Twitter за ефективна продажба?

Коментирај