9 милиони бизниси на Facebook

Од Никола Бојков - вто дек 06, 5:11 pm

Според Sheryl Sandberg, COO во Facebook, 9 милиони бизниси се присутни на Facebook, и го користат за сопствена промоција. Ова покажува дека компаниите веќе целосно го имаат прифатено Facebook како нов продажен и маркетинг канал. Додека на самите почетоци во 2009 најхрабрите компании инвестираа во промоција, сега може да се каже дека Facebook полека но сигурно станува дел од секој маркетинг план.

Facebook им нуди 3 производи за бизнисите, односно:

  • Facebook страна (Facebook page)
  • Спонзорирани објави(Sponsored Stories)
  • Facebook реклами (Facebook ads)

Освен овие три производи на Facebook, компаниите се повеќе користат и апликации и табови развиени зa нивните потреби врз основна на Facebook платформата. Може сеуште да се сретнат и компании кои користат Facebook профил наместо страна, што е спротивно со правилата за користење на Facebook, но сега имаат можност истите тие профили да ги конвертираат во Facebook страни.

Со најавата на Timeline, како нов начин на прикажување на корисничките профили, и откако ќе биде јавно лансиран за сите корисници, очекуваме дека нешто слично ќе следи и за Facebook страните. Врз основа на еволуцијата на корисничките профили и Facebook страни досега, по промените кај профилите следуваше иста или слична промена и кај страните.

Повеќе информации околу можностите кои ги нуди Facebook за Вашиот бизнис можете да дознаете овде!

Па доколку сеуште немате Facebook страна, што чекате??! Кликнете овде и креирајте ја!

Коментирај