Google во љубов со Франција
Од Никола Бојков - сре дек 07, 9:41 am

Google го отвори најавуваниот центарот за истражување и развој, сместен во Париз на површина од 10 000 квадратни метри.
Овој центар, ќе функционира како HQ на активностите на Google во западна и јужна Европа, како и дел од активностите поврзани со регионот на Африка.
За отварањето , претседателот Саркози си доби свој Youtube канал, а инагурацијата беше проследена и преку Google Hangouts. Да, да Саркози си направи hangout со гуглерите кои разбираат француски.
Google ја оправдува својата инвестиција во Франција, со оглед на последни истражувања од McKinsey, дека до 2015 се очекува придонесот на дигиталната индустрија во бруто домашниот производ да достигне 5.5% – со што се очекуваат нови 450,000 вработувања во овој домен.
Во рамките на оваа инвестиција, ќе функционира и веб иницијатива Startup Café, со задача да ги информира младите французи за начините како да започнат сопствен бизнис.
Со оваа иницијатива се очекува да се зголеми нивото на иновација и бројот на претприемачи, со оглед на тоа дека Франција е на најниското ниво на претприемништво во ЕУ, според последен извештај од европската комисија.
Малку чудно нели, но како реални причини за малиот претприемачки дух во Франција се наведени следниве:
- неадекватно образование со мал обем на бизнис тренинг
- голем страв од неуспех
- сложени легални процедури за да се започне сопствен бизнис


