Весник само со позитивни вести
Од Никола Бојков - пет дек 30, 11:21 am

Со цел да си посакаме најсреќни празници и уште посреќна 2012, ви споделуваме позитивен концепт со кој хрватскиот дневен весник 24sata веќе втора година им се обраќа на читатeлите во очи Нова Година.
Така, 24sata во денешното издание ќе содржи само весели вести без трагедии, корумпирани политичари, злосторства, црни хроники итн, со цел позитивно да влијаат на своите читатели, допринесувајќи кон повесела новогодишна атмосфера.
Минатогодишниот успех на оваа идеја е пренесена од големи издавачи како Washington Post, Good Morning America, Forbes и сл.
Да се надеваме дека во 2012 насловните страници ќе имаат се повеќе вакви смилевци, а ние ви посакуваме да се одморите за празниците да продолжите да читате позитивни вести и секако да бидете весели и насмеани.



Мислам дека се работи за уште една форма на цензура, поточно, автоцензура.