Out My Window – нов сервис за споделување фотографии

Од Никола Бојков - пон јан 09, 10:47 am

Out My Window - нов сервис за споделување фотографии

Споделувањето на фотографии е еден од најбрзо растечките сегменти во рамките на социјалните мрежи.

Водечки аликации се секако Flickr и Instagram.Во оваа група се вклучува и компанијата Warner Bros со свој сервис за споделување на фотографии Out My Window.

Моментално сервисот е во фаза “Наскоро”, што може да го проверите на домеинот outmywindow.com.

Сервисот се базира на слоганот, “Share your view at the speed of life” и според малкуте информации достапни на вебсајтот, најверојатно овој сервис ќе вклучува, споделување на видео и фотографии, дигитално подобрување на фотографиите , како и опции за споделување на социјалните мрежи.

На прв поглед, изгледа дека овој сервис ќе понуди целосно решение за споделување на фотографии различни уреди – компјутер, таблет, мобилен телефон или телевизор. Во оваа насока на поголема корисничка достапност е и најавата дека сервисот ќе се базира на дозвола за пристап со профили од Facebook и Google.

Какви новитети ќе понуди овој сервис ќе дознаеме наскоро,а вие ќе можете уште денес да се претплатите за нотификации кога овој сервис ќе биде и јавно достапен.

Коментирај