[Инфографик] Македонија на Facebook во 2011
Од Никола Бојков - вто јан 10, 1:13 pm
Благодарејќи на компанијата Nova Solutions, ви ги презентираме податоците од Socialnumbers.com за користењето на Facebook во Македонија од страна на македонските брендови и компании.
Бројот на Facebook корисници во 2011 година во Македонија е 879 540 според податоците кои ги објави mk.socialnumbers.com во својот инфографик, додека бројот на службени Facebook страници (на компании и брендови), 332 кое се присутни на овој медиум.
Објавена е и ранг листа на ТОП 5 страници на Facebook, во кој статистиката покажува дека според бројот на фанови, фан страната на Unique Magazine го зазеде првото место со бројка од 234 520 фанови, а talking about просекот покажува дека Femina е фан страницата која е број 1 на листата со бројка од 9 957.
Socialnumbers нуди и категоризација на страниците во 5 категории и информира кои се ТОП 3 страниците по категории според бројот на фанови. Така, соодветно првото место во категоријата News and media му следува на порталот motika.com.mk, во категоријата Products – Dormeo, а во останатите категории BiFruit и VIVA.
Socialnumbers.com е глобален проект кој се одвива во соработка со локални партнери од различни земји, со цел да им понуди уште повеќе информации и податоци за секој поединечен пазар. Локален партнер за Македонија на Socialnumbers.com е Nova Solutions.
Целта на socialnumbers.com е да понуди статистика и деловна интелигенција во менаџирањето со заедницата но, исто така, да ги претстави и најдобрите агенции кои работат со социјални медиуми низ целиот свет.



