Нашиот дизајнер Марко Манев направи постер за филмот Chronicle

Од Катерина Стојановска - вто јан 10, 9:55 am

Марко Манев е талентиран, скромен и исклучител млад дизајнер, чија работа е препознатлива по чистиот, едноставен и минималистички дизајн .

Неговото најново постигнување е ангажман од 20th Century Fox, за илустративно прикажување на концептот на новиот филм Chronicle, чие прикажување е закажано за 3ти Февруари 2012.

Идејата на 20th Century Fox, е преку избор на талентирани креативци да се пренесе темата на филмот со концепти инспирирани од дизајн заедницата, се со цел да се претстави Chronicle  пред таргетираната публика преку нови, алтернативни канали на промоција.

Дел од оваа заедница е и македонскиот дизајнер Марко Манев, кој креираше инспиративни постери за промотивната кампања на филмот. Погледнете подолу или на whatareyoucapableof.tumblr.com:

 

     

Марко е дел од креативниот тим на TEDxSkopje, а и верувам дека ги познавате и  неговите  минималистички постери објавени од повеќе светски вебсајтови, кои го нагласуваат едноставниот дизајн како освежувачка промена во спореба со  ”натрупаните” филмски постери.

Дел од вебсајтовите каде можете да најдете објава за овие постери се ComicsAlianceFeelDesain, BuzzFeed, GeeksAreSexy,  а можете да ги купите од вебсајтот Society 6

Оваа недела, имате можност и во живо да погледнете дел од портфолиото на Марко, претставено на самостојна изложба организирана во Кафе Ли, со наслов – Marvel Minimalist posters. Претходи негови самостојни изложби се  ”Superiority Project” (2010)  и “Пилот” (2011), претставени во „Мала станица“.

Браво Марко, само напред!

Коментирај