Стартува новата социјална мрежа на Microsoft – So.cl
Од Никола Бојков - пон јан 16, 5:11 pm

Веќе најавуваниот проект на Microsoft, Socl е во последната фаза пред целосна достапност за корисниците.
На кратко кажано So.cl е нова социјална мрежа, што таргетира млада публика, пред се студенти за зголемување на можноста за пребарување на информации, споделување и брз начин на учење.
На прв поглед, ќе најдете големи сличности искомбинирани од веќе постоечките Fаcebook и Google+. Најголемата разлика е можноста за пребарување и директно споделување со пријателите. Со оглед на блиската врска со Facebook, новата социјална мрежа на Microsoft нема да ви побара да креирате профил, туку најавата се врши со веќе постоечки сметки од Facebook.
Нормално, во оваа фаза ќе можете да го погледнете So.cl само со покана од ваш пријател
Сумарно, Microsoft и FuseLabs креираа нов пребарувач во формат на социјална мрежа, и влегоа во директна борба со новите опции за персонализирано пребарување на Google+.


