Линкови v.s фотографии како постови на Facebook

Од Никола Бојков - вто јан 17, 12:42 pm

Веќе сфативме колку се битни релеватните фанови и генерирањето на иницијалната фан база. Си направивте еден куп фанови и сега што?! По-конкретното би било прашањето: Како да ги анимирате, забавувате, наградувате?!

Веќе зборувавме за правилата на организирање наградни натпревари и споделивме неколку интересни кампањи за креирање на поголема база на фанови. Преостанува организирање на напорите за поттикнување на овие фанови во секојдневно лајкање, коментирање и споделување на вашите постови.

Со цел да направиме конкретен пример,  овој пост се однесува повеќе на компании со свои бренд страни на Facebook, а не толку на портали за вести и новости.

Нормално, линковите се полесен начин да креирате активност на Facebook и не ви одзема време за креирање содржина, нели?!

Сепак како заклучок на оваа битка линкови v.s фотографии во пост, предлагаме победа за фотографиите. Зошто? Доволни се овие 3 резултати:

  • Зголемено внимание и фокус на самата фан страна, а не на надворешна содржина. Една фотографија, 1000 зборови!
  • Можност за поголем број на коментари и лајкови
  • Зголемен број на споделувања, а со тоа и поголем вирален ефект

Можеби најголемата причина зошто линковите ја губат битката е тоа што ги бркаат фановите кон надворешни веб сајтови и содржини.

Како пример ќе си го земам Heineken. Не само што е добро пивото, туку и креативноста што е вложена во зближување со фановите на Facebook.

Heineken ангажира труд, креативност и испланирана активност со цел преку вирални фото пораки да се анимираат фановите. Примери од постои со овие атрибути, погледнете подолу:

Сега за сега ми води статусот: “The secret of successful negotiation: bring the right ingredient to the table”,  споделен со фотографијата подолу:

Што мислите вие? Споделете го вашиот придонес со одоговор на постираниот прашалник на нашата Fаcebook фан страна.

Коментирај