Едитирање на фотографии во Google+ и креирање на мемиња

Од Катерина Стојановска - сре јан 18, 10:05 am

Во релација на корисноста од постирање на фотографии во постови, Google+ претстави нова опција за споделување на фотографии.

Корисниците ќе можат да ги користат опциите за едитирање на фотографиите и запишување на текст во формат на MEME со цел анимирање на постовите.

Опцијата е објаснета со ова меме подолу. Значи, за да креирате меме, ќе треба да ја додадете фотографијата во полето за пост и да кликнете “Add Text”.

 

Google+ веќе има одлични опции за промена на фотографиите што ја олеснува потребата од претходна обработка.

Како што забележавме , меме опцијата сеуште не е достапна за сите профили,  па можете да ги користите веќе постоечки опции. Додадете ја фотографијата,  кликнете “Edit photos” и ќе најдете милион опции за промена на вашите фотографии.

Е сега, со оглед на тоа што Google+ привлекува early adopters и публика која веќе долги години се изразуваат преку мемиња, замислете што ако оваа опција влезе во mainstream на Facebooк?!

 

1 коментар

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај
  1. Баш така :) Колку време ќе им треба на Facebook ја ископираат опцијата?

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај