Grouper.mk со онлајн обрт од над 10 милиони денари
Од Никола Бојков - сре јан 18, 1:05 pm

По повод првиот роденден на првиот Македонски веб сајт за групни попусти – Grouper.mk ве покануваме да присуствувате на настанот кој ќе се одржи на 21 Јануари во Lounge Bar Every Day од 21:00 до 01:00ч.
Според соопштението од тимот на Grouper.mk, за една година Grouper остварил ОНЛАЈН обрт од над 10 милиони денари, со што значајно влијаеше на зголемување на онлајн купувањето во Македонија.
Со над 30 000 продадени купони и над 20 000 задоволни корисници Grouper е лидер во групните попусти и воопшто онлајн купувањето.
Grouper е првиот Македонски веб сајт кој го раздвижи онлајн купувањето во земјава.
На овој линк може да ја погледнете зделката, каде ќе најдете повеќе информации околу забавата.
Им посакуваме многу поголем успех во оваа година!
Што е Grouper? from Grouper.mk on Vimeo.


