MyGadge – нова локација за гаџети и технологија

Од Никола Бојков - сре јан 18, 3:12 pm

Се отвара првата специјализирана продавница за гаџети и технологија во Македонија –  MyGadge лоцирана на улица “29ти Ноември“ бр.47 (позади Универзална сала после Вучко).Официјално, MyGadge започнува со работа во петок, 20.1.2012 година.

Сите интересни гаџети и “IT играчки“ кои досега сте ги гледале само на странските онлајн продавници сега ќе имате можност да ги купите во кралството на Гаџетите, кое е само на чекор до Вас. Воедно ве информираме дека сите производи од продавницата наскоро ќе бидат достапни за купување и онлајн на веб страната www.mygadge.mk.

MyGadge е официјален партнер на брендовите Prestigio и Canyon за Македонија, кои за првпат ќе може да ги најдете на македонскиот пазар. Покрај PC таблети со висок квалитет по најниски цени на пазарот, брендовите се познати и по големиот број на креативни решенија на компјутерски додатоци и галантерија, како мауси, звучници, слушалки…

“За првпат во Македонија ќе понудиме и непосреден начин на купување, овозможувајќи им на купувачите тестирање и подобро запознавање на производите во Тест собите создадени само за Вас” – вели Марија Ќелешоска, Маркетинг менаџер во MyGadge.

1 коментар

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај
  1. BUY ALL THE GADGETS!

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај