Apple со рекордни приходи и профити
Од Никола Бојков - сре јан 25, 11:11 am

Apple ги објави најновите информации за своите продажби во периодот од 25 Септември до 31 Декември 2011. Тие се следниве:
- iPhone: 37.04 милиони продадени (17.07 милиони продадени во претходното тромесечие )
- iPad: 15.43 милиони продадени (11.1 милиони продадени во претходното тромесечие )
- Mac: 5.2 милиони продадени (4.89 милиони продадени во претходното тромесечие )
- iPod: 15.4 милиони продадени (6.62 милиони продадени во претходното тромесечие )
Или сето тоа искажано во долари:
- Приход: $46.3 милијарди ($28.3 милијарди во претходното тромесечие)
- Профит: $13.06 милијарди
Овие бројки зборуваат многу за успехот на Apple и неговата серија на производи iPod,iPhone,iPad и Mac. Иста така можеби се индикатор за она што не очекува во иднина или како што ја нарекуваат post-PC ера. При самата презентација на резултатите новиот CEO на Apple Tim Cook, изјави дека ќе дојде ден кога пазарот за таблети ќе вреди повеќе од пазарот за PC.
Уште еден интересен момент кој беше спомнат во презентацијата е бројката од вкупно 110 милиони посетители во 358-те продавници на Apple. Што во просек изнесува 22.000 посетители неделно во една продавница. И се разбира резултатот од овие посети е $6.1 милијарди приход.
По објавувањето на резултатите нормално вредноста на акциите на Apple се зголеми, а со ова Apple докажа дека и големите компании можат да имаат огормен раст, и дека иновациите се она што ја движи компанијата напред. Во 2012 многумина ги очекуваат новите модели на iPad3 и iPhone5, со што Apple би требало да ја зацврсти својата доминантна позиција на пазарот.
Се разбира со очекувањата кои Apple ги направи со овие резултати и производи, на големо се зборува што ќе биде наредниот нов производ од Apple. Пред Apple претстои нов предизвик да продолжи и во 2012 со одличните резултати, знаејќи деќе конкуренцијата е се поголема и развојот на технологијата е се побрз и побрз.


