Прв поглед на so.cl
Од Катерина Стојановска - сре јан 25, 1:31 pm

Дали си добивте покана за да го тестирате so.cl, новата мрежа на Microsoft за социјално пребарување? Никола веќе спомена неколку разлики во споредба со другите мрежи и на кратко кажано, so.cl е социјална мрежа за споделување на тоа што вие го пребарувате.
На прв поглед изгледа едноставно и интересно решение за пребарување и споделување содржини, со одредени предности и новитети кои имаат можност за генерирање на голема база на корисници. Со so.cl, можеме да кажеме дека почнува нова ера во трансформација на начините на пребарување.
Зошто so.cl има предност пред Google+? Бидејќи најдобар другар му е Facebook. Сериозно, оваа мрежа има големи шанси да просперира, најмногу поради одличната интеграција со Facebook:
- Сметките се креираат со веќе посточки профили на Facebook
- Се што споделувате можете да го додадете и на Facebook
- Видео собиранките исто можете да ги споделите на Facebook и да поканете пријатели
Опција:Search
So.cl користи термини како Feed, Following, Followers, Video Party, Tag, Search, не постојат копчиња како +1, Like, туку една сина смајли иконка со слична функција, a ставен е акцент и на TAG (опција објаснета малку подолу).
Значи главната поента на оваа мрежа е да пребарувате со користење на алатката за Search, и секако да го споделите јавно со пријателите.
Како функционира пребарувањето?! Дали се користат алгоритми од Bing?! Немам појма, само ќе забележите иконка Results by Bing и јасно е дека So.cl користи функционалности од Montage, со цел визуелно прикажување на содржината што ја пребарувате, во формат на линк, слики и опис.
Идејата е овие споделени линкови и содржини да го скратат патот на пребарување, со оглед на фактот дека групите во кои се движите пребаруваат на сличен начин како вас и можеби веќе нашле содржини кои вие не мора да ги барате.Така, останува прашањето дали целта е да се соберат корисници на оваа мрежа и да се тргнат од пребарување директно на Google.
Опција: Video Party
На so.cl ќе можете да креирате видео разговори со пријатели или да закачете видеа и да ги гледате заедно со пријателите. Многу слично како со Google hangout, со разликата дека ќе можете да поканете пријатели од Facebook.

Видеата што сакате да ги гледате со пријателите ќе можете да ги додадете само со користење на пребарувањето и клик на видеото. интересно е што при пребарување нормално се добиваат резултати од Youtube, што мене ми се виде и дури предност за Google, посебно поради можноста за пласирање на реклами пред поголема публика и преку сервис овозможен од Microsoft. Еве како си направив журка сама со себе и трејлерот за Angry Birds.
Морам, да додадам дека големо време е посветено на навигацијата и задржување на вниманието на корисниците кон оваа опција, посебно што секоја активна видео журка, стои на профилот на корисникот, предност пред Google Hangout, опција која ако ја користите добивате чувство дека треба да излезете од вашиот профил.
Опција: Tags
Организирање на содржина со тагови. Ова е корисна опција, бидејќи на овој начин ќе можете да си забележите и зачувате се што ве интересира, а е споделено од вашите пријатели.
Таговите како функционалност не се ништо ново, но оваа намена сеуште не е достапна во други социјални мрежи, а е одлична за креирање на сопствена база на податоци од линкови, видеа, музика, статуси и сл споделени од пријателите. Многу едноставно и многу корисно, трансформација на сервиси како delicious.com.

Ако некој од вас сака покана, нека напише свој e-mail во коментарите и ќе му пратиме. Бидете брзи!



Покана покана
Kasni kasni microsoft… na 5-6 godini….
За покана.