Google+ го надградува беџот
Од Катерина Стојановска - пет јан 27, 2:39 pm

Знаете дека можете да си поставите Google+ беџ на вашиот вебсјат или блог, нели? Ова копче до скоро беше единствено достапно во нефлексибилни опции, со стандардна големина и боја.
Тимот за развој на Google+ , најавува нови опции за персонализирање на копчето. Овие додатоци во моментов се достапни само во Preview mode, но наскоро ќе ги најдете на страната за генерирање Google+ беџ. Еве ги новите надградби:
- Поголем избор на јазик (го додадоа и Македонскиот, но во моментот кога тестиравме сеуште не работи)
- Избор на боја – светла или темна
- Промена на димензии во ширина

Зошто ви го посочуваме овој беџ? Бидејќи вашите резултати во пребарувањето на Google многу ќе зависат од базата на корисници на Google+, па затоа и Google се обидува да го “исфорсира” овој беџ со цел компаниите да креираат свои бренд страници, а ова копче да биде влезот за генерирање корисници.
Ако сакате да ја тестирате оваа опција ќе треба да се зачлените во групата Google+ Developers.


