Facebook е официјално на берза

Од Никола Бојков - сре фев 01, 11:22 pm

Facebook ги поднесе документите за IPO и официјално очекува да собере 5 милијарди долари. Ако компанијата успее да ја собере оваа сума од јавна продажба на свои акции, ќе биде најголемотo IPO во индустријата.

Како што известува Bloomberg, акциите ќе се продаваат под симболот FB. Интересно е што во поднeсениот формулар од Facebook нема наведен износ за проценка на вредноста на компанијата.

Во прилог е документот S-1 и главните податоци пријавени од Facebook: 845 милиони корисници, 483 милиони дневно активни корисници, годишен приход од $3.7 милијарди; $1.8 милијарди оперативен приход и 1 милијарда профит. Интересно е што Zynga допринесува со 12% во приходите на Facebook, a платата на Марк е само 500 000 долари гоишно.

Овој месец Fаcebook ќе слави 8 години од своето постоење, од студентска соба до најголемото IPO во историјата на ИТ индустријата.

FacebookInc-20120201-S1-0

Коментирај