1533 прегледи 0 коментари

Facebook ре-таргетирање за паметни маркетери

 
Интервју со Нина Ангеловска, CEO на Grouper
 
 
Нов изглед на Facebook страните
 
 

Ретаргетирањето е ‘hard core’ техника за интернет маркетинг. Сите што користат ваков формат на маркетинг точно знаат како се однесуваат нивните вебсајт посетители и според мене многу паметно си ги трошат своите маркетинг буџети.

Ре-таргетирањето веќе со години е најефективниот начин за користење на Google Adwords.

Ако прочитате повеќе за техниката на ретаргетирање, ќе сретнете поврзување со поим како што е ROI или најпросто кажано ефект што ќе ви врати ПЛУС од тоа што сте го сработиле.

Facebook платформата ја понуди истата опција при крајот на 2012, но за да имате пристап до опциите за ре-таргетирање ќе мораше да контактирате со компании чии платформи се дел од Facebook Exchange, да платите дополнително за нивните сервиси и нормално да имате поголеми буџети што ќе ги потрошите за Facebook рекламирање.

За среќа, агенциите и малите-средни бизниси до пред недела-две веќе ја имаат оваа опција достапна преку Power Editor-от.

На кратко, ре-таргетирање на вебсајт публиката се врши со пласирање на реклама на Facebook во моментот кога посетителот ќе избега од вашиот вебсајт и повторно ќе се врати на Facebook. Значи, во моментот кога ќе се врати на Facebook во период од милисекунди ќе му се појави реклама, персонализирана зависно од условите што вие ги имате дефинирано.

Значи тркнете веднаш до вашата сметка во Facebook Ads и ќе можете да изберете од новите опции Custom Audience from your Mobile App или Custom Audience from your Website

Ако добро ја дефинирате вашата публика и креирате реклама со соодветна содржина, верувајте, ќе бидете многу возбудени од резултатите од Facebook ре-таргетирањето ☺

facebook-retargeting-website-audiance

Зошто мора да иновирате и да правите паметни онлајн кампањи?
За да го проширите вашиот пазар и да им понудите на лојалните корисници ваши персонализирани информации, да ги изненадите со понуди специјализирани за нив зависно од начинот на нивното однесување на вашиот вебсајт.

Пример:
Пуштете им персонализиран поздрав (Facebook реклама) на сите што ве посетилте на вебсајтот прегледале содржина за некој производ, но не купиле или пак не ве контактирале преку вашата веб форма.

Хмм …, јасно е дека ќе треба да иновирате, тестирате и нормално идеите за КАКО да ги конвертирате вебсајт посетителите ќе треба вие самите да ги откриете, само вие си го знаете бизнисот и вашите клиенти.

Нашата тест кампања има супер резултати, пробајте и вие па споделете искуство!