1400 прегледи 0 коментари

Нов изглед на Facebook страните

by on 10/03/2014
 
Facebook ре-таргетирање за паметни маркетери
 
 
Во живо од "силиконската долина"
 
 

Facebook уште еднаш го подобрува изгледот на Facebook страните. Но не се секирајте, промените нема да влијаат на димензиите или на самите функционалности на вашата бизнис страна. Најголем дел од овие промени се однесуваат на самиот изглед и мали модификации во навигацијата.

Еве го новиот изглед:

facebook-new-page

Прочитајте подолу за пооделните промени:

Дизајн на cover слика и профил слика

Новиот дизајн ќе биде аплициран во текот на наредните недели но секој од администраторите ќе има 2 недели можност да ги адаптира своите дизајни – cover слика и профил слика доколку е потребно. Ова значи дека ќе треба да направите модификации доколку вашатa профил слика е во некоја форма зависна од самата cover слика или доколку имате текст во долниот дел од cover сликата, најверојатно ќе треба да го тргнете од таа позиција бидејќи ќе се преклопи со името на фан страната.

facebook-admin-tools

Како што приметувате од сликата погоре, дел од алатките на администраторот ќе можат полесно да се пристапуваат со многу појасна навигација.

Изглед на постови

Ќе биде променет изгледот и големината на постовите со цел да се претстават во поголем формат и всушност ќе добијат фиксна позиција во рамките на една колона (многу слично како кај корисничките профили). Досегашната десна колона која зафаќаше дел од постовите во timeline-от ќе биде резервирана за фиксна содржина поврзана со вашата фан страна.

facebook-new-post