1454 прегледи 1 comment

Во живо од “силиконската долина”

 
Нов изглед на Facebook страните
 
 
Стартап нација #времеЕ
 
 

Сан Франциско е многу сличен град како Скопје, а и луѓето не се многу поразлични. Ќе се изненадите колку многу луѓе на улица ќе ве поздрават или ако лутате ќе ве прашаат дали ви треба помош.

Ако некогаш имате можност да патувате во US, ако имате свој бизнис, сакате да најдете бизнис партнер, сакате да научите што треба да правите со вашиот бизнис, барате пари за вашиот бизнис,  тогаш  МОРА да го посетите Сан Франциско, посебно ако сте во маркетинг или IT индустријата.

Еве зошто:

  • Секој втор има стартап
  • Секој втор работел во Google или Apple
  • Секој втор јаде само органска храна и спортува
  • Секој втор е VC –  читај: човек што работи во инвестициски фонд и бара компании во кои ќе инвестираат под одредени услови.
  • Секој трет вози Тесла :)

Едноставно, ќе се најдете во средина во која секој ве разбира, имаат неверојатно позитивна енергија, креативни се и најјако е што  ќе запознаете луѓе кои имаат апликации со над 50 милиони корисници и кои многу природно може да ви ја споделат приказната па и проблемите со кои се соочуваат.

Networking

Во Сан Франциско и долината сè зависи од тоа кого го знаете и кој сè може да ве препорача. Не значи дека ако имате некојси space shuttle продукт или пак ако сте најјакиот гик на цел свет, дека веднаш ќе најдете партнер, инвеститор или ќе добиете работа.  Важно е да знаете кои луѓе мора да ги запознаете и нормално со тек на време да ви станат besties:)

Пред да тргнете, многу е важно да си направите распоред со сите  настани, митапи и собиранки што се излистани на Eventbrite. Голем број од нив се бесплатни, но и тие кои се плаќаат не се премногу скапи, ние плаќавме $30 просек (големите конференции се над $500). Мора да одите на овие настани и поради фактот што ќе влезете во канцелариите на големи компании (најчесто таму се организираат. ) Пример, MobileMonday се организираше во Adobe, Woman 2.0 во KPMG, TechWoman во BrightRoll итн.
woman-2-0

Исто, големите настани се важни за да се поставите како посериозна компанија. Ние имавме среќа што успеавме да дојдеме на F8, конференција што ја организира Facebook и на некој начин имавме некојси “кредибилитет” при запознавање и секако при комуникација за состаноци преку емаил.

facebook-f8

Како да се запознавате?!

Ќе укапирате многу брзо дека и големите фаци во Сан Франциско се едноставни луѓе и навистина се достапни за секого и навистина можете да ги запознаете. Најважно е да не скокате веднаш со pitch за ваш продукт или веднаш да им давате визитки (ок е ако вашиот pitch е добро увежбан, многу краток, а доволен за да му биде интересен на соговорникот.)

Добро е претходно да побарате кои дечки сакате да ги запознаете на настанот, да прочитате нешто за нив и секако да најдете нешто што имате заедничко како тригер за подолг разговор.

Бидете стрпливи, овие луѓе најчесто имаат уште 50тина како вас кои ги чекаат за да ги запознаат.

Смислете нешто поразлично и бидете трпеливи. Направете стратегија како најприродно да изгледа вашето запознавањe. Ние имавме среќа што бркавме човек кој имал многу добар пријател од Македонија и обожава ракија, па нормално муабетот ни беше многу поприроден.

Во случај да запознаете VC, целта ви е во текот на муабетот да ви побара контакт и според некојси неофицијален бонтон, тој е МОМЕНТОТ – значи дека е заинтересиран и дека има шанси да ве побара, ако не, тогаш имате простор за follow up.

Tech Tourism

Ако сте веќе во Сан Франциско добро е да се прошетате низ долината. Сите големи компании се јужно од Сан Франциско освен Twitter, Adobe и Zinga кои имаат HQs во СОМА, населба близу центарот на Сан Франциско.

За да ја прошетате долината, најдобро е да изнајмите кола, цените се $30 од ден а и бензинот е поевтин од Македонија.

Ако сакате на влезете во Google или Facebook ќе мора да имате закажано состанок со некој од вработените.

google-hq

Почеток за бизнис

Секој може да регистрира фирма во Калифорнија и во принцип процесот не е многу комплициран. Но за почеток не е страшно ако немате формална фирма, важно е да го направите продуктот и да ги најдете вистинските луѓе за да ве финансираат. Ако успеете, тогаш ќе ви помогнат во формирање на Delaware компанија.

Ако сакате уште веднаш да поставите присуство, одлична опција е инкубаторот NEST, нивниот фокус е многу поразличен од другите инкубатори, цената е $500 за еден човек, работно биро и телефонска линија. Еве го линкот http://nestgsv.com.  Ако имате мобилна апликација што ви е при крај со изработката, пријавете се на www.momentum.vc.

nest

И на крај…

Сан Франциско ќе ве инспирира! Неочекувано ќе ви се случува поглед на GoldenGate во магла или поглед кон Financial District. МОРА да го посетите Сан Франциско!