1175 прегледи 0 коментари

Стартап нација #времеЕ

 
Во живо од "силиконската долина"
 
 
Google I/O 2014 конференција
 
 

Размислував,… па гуглав “how to create a startup nation” и не се зачудив! Израел е во скоро секој муабет на оваа тема. Научив нов збор chutzpah (ḥutspâ (חֻצְפָּה)), и како што укапирав значи неформалност со блага доза на арогантност или дрскост. Подетално, овој збор опишува став, кој ги охрабрува помладите да предизвикаат авторитет, да кажат сè што сакаат. Интензитетот на храброст и страст на поединецот. Некој што ги преминал границите на општо-прифатеното однесување. Chutzpah е основата во едукативниот систем на Израел и причината за нивната екстремна иновативност.

Понатаму разбрав дека со овој лежерен став кон хиерархија, создале толерантна околина што ги натерало да го искористат проблематичниот систем и да смислат креативни решенија за подобар живот.

Испаѓа дека Израелците навикнати на неуспех и посебно толеранцијата на поголем број на неуспеси, е можноста што ја искористиле за да дојдат до вистински иновации. Зошто се толку иновативни Израелците, гледај видео:

Поврзано со ова видео е и книгата Start-up Nation, прочитајте па ајде заедно да смислиме наш збор што ќе ги креира корените на стартaп културата во Македонија :)

Сигурно прочитавте и за Farmarket. Игор од Битола со својот тим од NovaSolutions направија решение што ги поврзува фармерите со своите купувачи. Замислете се враќате од работа (доцна е, не работи веќе Зелено пазарче) и си нарачувате свежа храна од ваш сопствен фармер преку мобилна апликација :) Не знам како оперативно ова ќе го изведат, но ете може дека сум дете од село па ме фасцинираат поврзани бизнис идеи и можноста некој да успее да најде решение за оваа потреба. Плус, глобалната потреба од Farmarket ја потврди и второто место за најдобра мобилна апликација доделена од светскиот бренд Ericsson. Браво!

Крајната поента ми е, дека се надевам  Farmarket e почетокот за иновативна нација што ќе прави големи промени, ќе решава проблеми и ќе задоволи потреба на милиони. Плус се надевам ќе реализираме проект што ќе стигне од бета до 7 па и 8 цифрен број на корисници. И плус (трето по ред):

Имаме доволно ‘дивелопери’ ни требаат бизнис и маркет дивелопери Твитни!

Ајде да:

  • направиме практичен од-до процес
  • се вклучиме во бизнис акецелератори, ете има и кај нас, вчера бев, топ се: New Man’s Business Accelerator
  • си споделиме реален фидбек (нема да се хејтаме)
  • побараме помош, ако треба ќе се здружиме и со “поголемите” :)

Допишете ако ни треба уште нешто, но ајде да почнемe!