1470 прегледи 0 коментари

Google I/O 2014 конференција

by on 27/06/2014
 
Стартап нација #времеЕ
 
 
Со BuzzBase до вирални кампањи за кои сите ќе зборуваат!
 
 

Гледајќи ја Google I/O- 2014 конференцијата за програмери што се одржа во Сан Франциско, си реков “wow ова е фасцинантно ” иновативните идеи, тимската работа, внимателните истражувања и технологијата даваат производи кои секојдневно ги поместуваат границите на невозможното и го поедноставуваат начинот на живеење. Знаете дека  Google наскоро може да биде во Вашиот дом, Вашиот автомобил па дури и на Вашиот зглоб? По лансирањето на Google glass, компанијата го направи следниот чекор.

Во пресред на гласините за лансирањето на iWatch од страна на Apple, Google ги презентираше своите LG G Watch, Samsung Gear Live, и Moto 360 моделите кои што сите го користат истиот софтвер. LG и Samsung кои имаат облик на квадрат и се активираат и работат на гласовни команди се достапни за потрошувачите од вчера на Google Play Store, додека Motorola кои што има стандардна кружна форма ќе биде достапен до крајот на летото.

Некои модели од Android Wear линијата на производи кои што секако го користат истиот софтвер како и Google Glass , вклучуваат и можност за следење на срцевиот ритам како и мерење на бројот на чекори. Овој софтвер исто така ќе им дозволи на корисниците да активираат Не вознемирувај опција само со спуштање на екранот надоле. Замислете корисниците ќе можат да ги користат гласовните команди на својот часовник за да дознаат на пример уште колку станици има до крајот на нивното патување, ќе можат повикот на својот паметен телефон да го примат од својот часовник, да креираат аларми, потсетници и многу други работи.

samsung_gear_2_12Кога корисникот ќе инсталира некоја апликација од Play store на својот телефон, соодветна верзија е исто така инсталирана и на часовникот и сите подесувања се моментално сихронизирани. Едноставноста на овој паметен часовник на вчерашната конференција ја објасни David Singleton инжинер во Google со нарачување и плаќање на пица за само 20 секунди.

Важна точка на конференцијата беше најавата и на Android Auto софтверот за кој веќе 40 производители на автомобили потпишале договор вклучувајќи ги Hyundai, Porsche и Acura. Android Auto е целосно гласовно-управуван и е дизајниран за да им помогне на програмерите да креираат безбедно и значајно решение за користење на повеќе поврзани уреди истовремено како на пример телефон и радио додека возиме. Со едноставно поврзување на телефонот Android Auto Ви дава кратенки кои се прикажани на екран (исто така треба да имате и соодветна кола за користење на овој софтвер). Со помош на овие кратенки ќе можете да пребарувате локации, да добивате предлози за ресторани во близина а исто така ќе можете да добивате и да праќате текстуални пораки само со користење на гласовни команди за да ги држите Вашите раце на воланот и Вашите очи на патот :-)

googleio_2014_764

Чекајте тоа не е сѐ има уште нешто!
Google ги комбинира гласовните команди, корисничкото искуство и содржината во дневната соба со Android TV. Со паметниот телевизор корисниците ќе можат додека гледаат филм со Бред Пит (мојот омилен актер) да ги најдат сите филмови во кои што глуми тој, да пребаруваат песни на You Tube, да пребаруваат на Goоgle а исто така и да играат игри. Android TV им овозможува на корисниците да ги играат игрите од Play store на телевизискиот екран. Секако како што и всушност очекував, корисниците ќе можат да управуваат со паметниот телевизор користејќи го нивниот телефон или пак часовник.

Па така по дво-часовно следење на конференцијата дискутиравме со моите пријатели за тоа до каде може да оди генијалноста на човекот и секако дека конкуренцијата ( во овој случај меѓу Google и Apple ) е значајна мотивациона сила. Секако Google презентираа и други работи како Android One и L Developer preview но јас сакав овие работи да ги споделам со Вас пa ајде споделете ги и Вие вашите импресии од конференцијата.