1198 прегледи 0 коментари

Со BuzzBase до вирални кампањи за кои сите ќе зборуваат!

 
Google I/O 2014 конференција
 
 
 

Колку од вас во моментов имате вест што нестрпливо чекате да ја споделите на ваш Twitter или Facebook профил?!

Нормално е, возбудени сте и сакате што побрзо да ги информирате сите другари за вашите супер интересни вести.

Почекајте малку!

Што ако имате пристап до екипа на мнооогу влијателни друштвени профили. Екипа од луѓе што буквално имаат пополнети Facebook профили, бројни Twitter следачи и што со задоволство први би ја објавиле вашата супер вест. И замислете дека со само еден Facebook пост или твит вие имате пристап до голема публика, публика што е спремна да лајкне, шерне или да искоментира за вашата супер вест.

Замислете колку е кул да го вознемирите вашиот (до)денешен маркетинг и да предизвикате вирална дистрибуција на содржина за која сите ќе зборуваат.

Тогаш, ајде да ве запознаеме со BuzzBase!

  • BuzzBase e роден во рана пролет, 2014.
  • Растеше под секојдневен надзор на Нате и Дарко од NewMedia
  • Во овој период, неприродно стана многу паметен и се стекна со посебни супер моќи.

Кои се тие супер моќи на BuzzBase?

  • Ги следи Facebook и Twitter профилите на своите членови 24/7 (нормално со нивна дозвола)
  • Знае кој од нив, кога, што и како споделил на друштвените мрежи;
  • Ги мери кликовите, твитовите, лајковите, ретвитовите, фејвовите и што уште не
  • Нормално, како и сѐ во денешниов свет, неговите пријатели го сакаат најмногу поради можноста да заработат од своите твитови или постови.

Најпросто, BuzzBase е заедница од ВИСТИНСКИ луѓе, простор кој нуди дружба околу вирална содржина и нејзина дистрибуција на друштвените мрежи.

Grouper има одлична вирална кампања и приказна за нивниот нов сервис и се еден од првите брендови кои го запознаа BuzzBase:

buzzbase-grouper-campaigns

Кампања на Grouper во Buzzbase

Да јасно е, BuzzBase неможе да не го засакаш. За да почнеш да се дружиш со BuzzBase имаш 2 опции, под А или Б:

А) Ако си паметен маркетер, најлесно ќе ти биде да го пренасочиш буџетот од досадните флаери, билборди или банери и да креираш вирална кампања со помош на BuzzBasе.

Б) Ако сметаш дека имаш влијание во креирање на мислење, спремен/а си секојдневно да се дружиш со BuzzBase и нормално да заработуваш дополнителен приход, тогаш кликни овде и пријави се за БАЗЕР или побарај по Twitter или Facebook некој од влијателните да ти подари код за активација :)

Се надеваме дека заедно ќе го пораснеме BuzzBase во креирањето на вирални кампањи за кои сите ќе зборуваат!