1390 прегледи

Автори

 

За да се објасниме кои сме и што сме, ви го препорачуваме следново четиво како целосна рамка за нашиот концепт и разбирање на Интернет Маркетинг во целост.

Како политика на овој блог, ве молиме внимателно да ги прочитате следните 2 правила кои ние строго ги почитуваме, и се надеваме дека за брзо време ќе стекнеме и следбеници.

  • Прво: Што е Интернет Маркетинг? Наместо дефиниција…
    Како што ќе забележите овој блог повикува на принципот Go To basics, или читај (Основи на Маркетинг) со цел да нагласиме дека успешниот Маркетинг се базира на истите принципи со векови, само се сменети начините на неговата реализација.
    Ќе ве советуваме да си ја чувате книгата напишана од чичко Котлер, и чат пат да си ја пролистате, па ќе можете да не разберете дека во хаост од нови science fiction Маркетинг технологии… постои еден единствен концепт.
    Нема да измислуваме дефиниција од 3 реда, ниту пак ќе пребаруваме по Wikipedia.
    Според нас Интернет Маркетинг е Маркетинг и толку. Нема претставки, наставки, потцрти, итн.. (домаинот беше зафатен па мораше да измислиме друго име :)Овде не зборуваме за реклама, анимација, технологија, банер, брошурка, итн, тука за комуникација, разбирање, повратен одговор, искреност, дружење и сл. Се надеваме дека со развојот на овој блог и ќе смислиме официјална дефиниција.
  • Второ: Повикуваме на сериозност во грижата и користењето на вашиот вебсајт.
    Можете да не сфатите малку контрадикторни од претходното, но во принцип инструментите и медиумите за приближување до крајните корисници, постојано ќе се менуваат. Во моментов, сфатете го вашиот вебсајт како вашата канцеларија, продавница или претставништво.Сигурно ќе се согласите дека намената им е иста, а и вашата цел е иста – како да довлечкате што е можно повеќе посетители. Токму на ова прашање ќе се обидеме да дискутираме и да најдеме што е можно подобар одговор.