01 Jun 2010 |
Настани |
1 Коментар
Сакаме да ви претставиме повик на независна група на организатори на TEDx настан во Македонија.
Во продолжение прочитајте го нивниот Отворен повик до сите кои се заинтересирани во посериозно приклучување во организацијата:
Читај повеќе »

Веб Конференции
Секојдневната потреба од среќавање со повеќе бизнис соработници придонесува за постојано патување, без разлика дали се работи за кратки или долги релации. Каде и да треба да одите, трошоци кои се јавуваат се време и транспорт. Затоа користењето на софтвер за веб конференции може да ви ги реши овие проблеми. Еве неколку предности кои би требало да ве натераат да размислите дали да почнете да комуницирате повеќе онлајн, отколку офлајн.
Читај повеќе »
Задоволство ми е да објавам дека Интернет Маркетинг Агенција го спонзорира претстојниот вебинар организиран од е-Невладина на тема “еМаркетинг вебинар : Имате вебсајт и што да правите со него?”

е-Маркетинг Вебинар – Имате вебсајт и што да правите со него?
На вебинарот ќе бидат разработени темите на Оптимизација за пребарување, начини на рекламирање на Интернет и последниот дел, интеракција со посетителите т.е call to action. Бидејќи еден вебинар е премалку за да се покријат овие теми, овој вебинар ќе претставува вовед во серијата наредни вебинари, каде ќе биде организиран по еден вебинар посебно за секоја од наведените теми. На крајот на серијата вебинари, сите оние кои биле дел од сите вебинари ќе добијат сертификат од е-Невладина за професионален развој во областа на Интернет Маркетингот.
Па побрзајте и резервирајте го вашето место на претстојниот вебинар на следниов линк : Регистрирај се за првиот еМаркетинг вебинар. За повеќе детали и информации посетете го веб сајтот на е-Невладина.
Се гледаме на вебинарот, а во меѓувреме може да ги оставите вашите мислења, коментари и прашања за кои сакате да се дебатира на вебинарот.
Изгледа дека ми стана интересно да си пишувам на блогов.
Темата за денеска ми е “Заврши си го домашното пред да почнеш со какви и да било работи поврзани со Интернет маркетинг”.
Што всушност треба да се направи???
Ова што ќе го споделам не е некоја шема и се надевам дека секој од вас има различни пристапи кон ова што сакам да го потенцирам.
Значи имате веб страна(сајт) и не е важно дали е бизнис ориентиран. Сакате да си го зголемите присуството на најголемите пребарувачи како Биг-Џ и Џаху. Еве ја мојата постапка која што ја нарекувам домашна задача.
Читај повеќе »
Здраво. Официјално ова е мојот прв пост на овој блог. За да не должам многу веднаш ќе започнам со она што го замислив како прв пост.
Според моето мислење ова би бил пост за оние корисни Add-ons за Firefox кои треба да ги користи секој интернет маркетинг професионалец.
На прво место би го ставил Seo-quake
1.Seo-Quake
Превземете го од https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/addon/3036
Значи овa е мојот омилен додаток за Firefox без кој навистина не можам да си го замислам сурфањето на Интернет.
-Што е целта на овој додаток?
Со самото инсталирање на овој додаток (за оние кои веќе го употребуваат верувам се добро запознаени) се појавува едно мало информативно делче во горниот дел од самата веб страна која што сте ја отвориле и е предмет на обработка.
Читај повеќе »
Во претходниот пост прикажување на резултатите во Google ги објаснив елементите на резултатите од пребарувањето и како вие може да влијаете на тоа како вашиот веб сајт е прикажан во страната со резултати во google. Наредно прашање кое се поставува е: од што зависат овие резултати, односно како google одредува кој да биде прв,втор, трет итн во листата со резултати?
Веќе споменав 2 работи од кои директно зависат резултатите во google во како да бидам прв на google? а тие беа:
Читај повеќе »
Сакам само накратко да објаснам, откако ќе направите некое пребарување преку Google, од што се состојат понудените резултати од страна на Google. И како вие може да влијате/промените како се појавува вашата веб страна/блог во резултатите при пребарувањето.
Во SEO/Оптимизацијата за пребарување, прикажаните резултати од некое пребарување се наречени SERP или Search engine results page, така доколку го сретнете овој поим да знаете за што се мисли.
Читај повеќе »
Бирајте многу внимателно за што ќе се одлучите. Од овој избор зависи иднината на вашата компанија и вашите идни успеси. Доколку ме прашувате мене што да одберете, кој и да е вашиот избор нема да погрешите. Интернет Маркетинг и еМаркетинг се синоними и значат една иста работа а тоа е Маркетинг! За мене кога некој ќе спомне Маркетинг, единствено што ми паѓа на памет е Интернет Маркетинг. Со целосна почит кон останатите медиуми и канали за комуникација и пренесување на маркетинг пораките, но мислам дека за брзо време за повеќето компании, професионалци и индивидуалци под маркетинг ќе се подразбира Интернет маркетинг.
Голем дел од извештаите за маркетингот во рецесијава која не снајде, укажуваат на тоа дека маркетинг буџетите беа први на удар, и дека со помали и потесни буџети се бараат повеќе резултати од било кога. И не ми е чудно што во време на вакви услови, се повеќе и повеќе компании ги насочија своите маркетинг активности кон Интернетот. Знаејќи ги можностите и предностите на Интернет Маркетингот, време беше и компаниите да почнат по сериозно да го користат интернетот како медиум за да дојдат до потенцијалните клиенти.
Читај повеќе »
Најпрво би сакал да започнам со дефиницијата на зборот блог, која ја најдов на Википедија. Според Википедија под блог се подразбира :
“Терминот блог е скратеница од веб-лог (weblog, web log), термин чие буквално значење е „дневник на веб“. Пишување или одржување на блог, или додавање на напис се нарекува „блогирање“. Одделните написи на блог се нарекуваат „постови“, а личноста која ги објавува се нарекува „блогер“. Блог може да се состои од текст, хипертекст, слики, линкови, како и можност за оставање коментари. Често даден блог има посебна тема или област која ја покрива, додека пак некои се наменети за дискутирање на лични искуства.”
За многумина блогот е место каде слободно може да се изразат и да ги искажат своите ставови,перцепции и размислувања и секако да добијат повратен одговор од своите читатели, да отворат дискусија или дебата. Блогот може многу лесно да создаде една мрежа на исто мисленици, кои ќе разменуваат мислења и информации.
Пред се блогот е една многу лична и интимна работа, па зошто сега и комапниите би се мешале во блогосферата. Бидејќи е во мода? Бидејќи прочитале во некој туторијал во 5 чекори ? Бидејќи некој консултант им рекол дека е добра практика да се има блог ?
Читај повеќе »