Билборд против Facebook рeклама = 0:4
За да ве убедиме зошто треба да се инсистира на Маркетинг по социјални мрежи, ќе одговориме јасно и гласно на најбитните прашања:
ДА… функционира
ДА… може да направите пари, а и да заштедите многу, + голем % на РОИ
ДА .. може да ги измерите резултатите
Социјалните мрежи не се некој вебсајт, софтвер, алатка итн, туку група на луѓе што имаат потреба од инстантни информации и двојна комуникација, a се собрале на локации како Facebook или Twitter.
И што е најбитно.. ако сакате успешен бизнис или маркетинг, ќе мора да пристапите на локациите каде што се движи вашата мета. Што би се рекло, ловете таму кај што има риби
Едноставно… зошто би платиле за билборд во центарот на Скопје, или реклама на некоја телевизија, кога најголем дел од вашата мета е на Интернет.
Читајте не и размислите подобро, па се надевам веќе нема да помислите на фрлање пари по билборди, брошури, флаери, тв реклами итн.
Како пример, ќе направиме споредба на трошоците и ефектот:
Билборд vs. Facebook реклама,
Ако се прашувате зошто избрав билборд за споредба, е тоа што не можам да си поверувам како можат билбордите како начин за промоција и пласирање на информации сеуште толку масовно да се користат, посебно кај нас во Македонија.
Во ред, некој од вас ќе искоментира дека се добар начин да привлечете внимание и да бидете агресивни во градењето на брендот.
Но сепак, според мене, (па и не мора да се согласите) рекламирање со билборди е најнеисплатливата инвестиција во Маркетингот. Еве и зошто:
- Можеби ќе привлечете внимание, но прашањето е чие? Дали знаете точно кој се ќе го види билбордот и дали е тоа всушност вашата мета од потенцијални купувачи?
- Форматот и обемот на информации со сигурност е премногу мал
- Како ќе измерите дека билбордот имал успешен ефект?!. Добро …да, ако отидете во Маркетинг агенција, нормално е дека ќе ви дадат статистика за бројот на луѓе што циркулираат во близина. Но, дали ќе ви кажат колку од нив навистина го виделе билбордот, се јавиле и на крај купиле?!
- Еднонасочна комуникација
- За цените да не збориме: варираат од 200 -600 Евра месечно
Facebook
- потенцијал од околу 400 000 Македонци, за сега и секој ден се зголемува
- опции за конкретно таргетирање на вашата потенцијална мета од купувачи
- Форматот и обемот на информации е секако ограничен, но со можност да следи линк до веб страна каде потенцијалот за информации е скоро неограничен со можности за двојна комуникација
- Точно можете да измерите колку ја виделе, кликнале па дури и купиле (за ова ќе зборуваме повеќе во наредните постови)
- Плаќањето зависи од вас – цената може да варира од 10 $ до 300$ (за да не претеруваме оваа бројка ја земав како најголем максимум за оптимално таргетирање на македонскиот пазар)
А доколку имате предлог за други разлики, ќе ве замолам да искоментирате па заедно да составиме целосна табела.
Се надевам, дека оној што троши и силно верува во моќта на билбордите малку ќе се подзамисли и ќе одвои од своето време и пари за да почне со многу поефикасно и поефтино средство за промоција како што се рекламите на Facebook.
За начините на креирање реклами на Fаcebook и рекламирање на други социјални мрежи ќе напишеме во некој од наредните постови.
[...] некој нареден пост, во меѓу време прочитајте што мисли Катерина за оваа тема. Се извинувам за излегувањето надвор од темата,еве [...]
Како не функционира?! Функционира и тоа како. Со бесплатна Facebook кампања добив поголеми резултати отколку со 10.000 примероци на флаери. Едната опција комплетно бесплатно, втората опција над 300 евра. Социјалните медиуми се најефикасното бесплатно средство кое постои во 21 век.
[Reply]