Корисни маркетинг додатоци за Firefox

Здраво. Официјално ова е мојот прв пост на овој блог. За да не должам многу веднаш ќе започнам со она што го замислив како прв пост.

Според моето мислење ова би бил пост за оние корисни Add-ons за Firefox кои треба да ги користи секој интернет маркетинг професионалец.

На прво место би го ставил Seo-quake

1.Seo-Quake

Превземете го од https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/addon/3036

Значи овa е мојот омилен додаток за Firefox без кој навистина не можам да си го замислам сурфањето на Интернет.

-Што е целта на овој додаток?

Со самото инсталирање на овој додаток (за оние кои веќе го употребуваат верувам се добро запознаени) се појавува едно мало информативно делче во горниот дел од самата веб страна која што сте ја отвориле и е предмет на обработка.

Еве како изгледа овој додаток кај мене и се разбира за Интернет Маркетинг Агенција

Seo Quake

Seo Quake

Опциите се многу интересни. Започнува од прикажување на PageRank-от на веб страната па следи колку страни од истиот домен се индексирани во Биг-Џ(Google) па колку во Yahoo или пак во Bing. Има податоци кога е регистриран домeнот, кој ранк го има во Alexa(иако тоа е многу релативна работа), колку пати е додаден во delicious.com . Дали има sitemap сајтот што го проверувате. Потоа кои се зборовите што се таргетирани на сајтот (пр. густина на зборовите и сл) итн.

Оставам на Вас да проверите кои други опции ги нуди овој додаток.

2.Следен додаток коj што сакам да го претставам е NoDoFollow

https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/addon/5687 од тука може да се симне овој додаток.

Што е целта на овој додаток? Целта е да проверите кои од линковите на веб страната на која што сте е DoFollow,  а кој е  NoDoFollow. Се надевам дека го знаете значењето на DoFollow и на NoDoFollow. Тоа всушност значи дали линковите кои што се DoFollow ќе бидат следени од Биг-Џ или пак преставуваат ќорсокак NoDoFollow. Ова е посебно важно затоа што Биг-Џ сака повеке линкови кои што се DoFollow. Се активира со десен клик на кој и да било дел од веб страната која што е предмет на истражување.

3.Следен додаток без кој што не можам да преживеам е proxy surfing (кој според мене е и најквалитетен)

https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/addon/2275 од тука се симнува.

Целта на овој додаток е да овозможи со еден клик да почнете да сурфате на интернет анонимно, и на пример, може веднаш детално да ја проверите конкуренцијата, поради тоа што овој плугин ја менува ip адресата често, па затоа не остава никакви траги.

4.И последниот додаток кој што мислам дека вреди да се напомене е FireBug.

https://addons.mozilla.org/en-US/firefox/addon/1843 од тука се симнува.

Овој додаток е добар за да проверите некој елемент на веб страната од каде потекнува, како е направен и каде се наоѓа. Можеби повеќе овој додаток е дизајнерски, но сепак може да се искористи и во маркетинг цели.

Се надевам дека ќе најдете корист од овие додатоци и дека ви се допадна овој мој прв пост.

Еден коментар за “Корисни маркетинг додатоци за Firefox”

  1. Виктор says:

    Јас веќе ги користам FireBug и Seo Quake и многу ми помогнаа во креирањето на мојата веб страна.

    Поготово FireBug кога ќе најдев некој Еrror (грешка) или слично. Одличен пост.

    [Reply]

Остави коментар

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes