Неколку Мисли за Твитер – надополнето

Зависник од Твитер во Затвор

Зависник од Твитер во Затвор

За секоја работа што ја правиме во животот сигурно ќе се прашаме: Дали работам правилно? Дали можам да ја направам работава подобро? Каде грешам? Каде да најдам повеќе информации на темата?
Со моето присуство на Твитер, си ги поставив истиве прашања. И нормално е со тек на време да добиете искуство и да можете да споделите некоја мисла.
Еве неколку мои мислења за тоа како подобро да го користите Твитер:

За компании:
1. Користете го Твитер како човек, а не како машина за СПАМ
2. Ставете го Вашето лично име за да ја зголемите персонaлизацијата на комуникацијата (на пример, во делот Bio напишете кој стои позади профилот)
3. Кога ставате линк од блог пост, објаснете малку повеќе за постот или најавете го следниот пост (не ставајте само линк до постот)
4. Твитајте нешто што е корисно за луѓето кои Ве следат (совети, попусти, видео материјали…) Читај повеќе »

Маршалов план за освојување на социјалните мрежи

Секој од нас во најголема мера ги има запознаено социјалните мрежи (Facebook, Twitter, LinkedIn, Flickr …) за да си направи свој профил и да постира работи кои го интересираат. Ги одржуваме кога ќе најдеме време за тоа, а во Македонија според статистиките имаме многу слободно време.

Гледаме и дека се појавуваат многу комерцијални страни, профили и содржини на истите тие социјални мрежи, затоа што, во денешно време македонскиот млад човек ‘кисне’ на интернет, претежно на социјалните мрежи.

Но, дел од принципите на општата култура ни сугерираат дека на таквите комерцијални зафати треба да им се пристапи малку посериозно во однос на планирање, стратегија и оддржување на профили, страни и содржини, затоа што претставуваат дел од кредибилитетот и влијаат на перцепцијата кон нашата компанија или производ.
Читај повеќе »

Како преку ноќ да бидете “прв на google”?

Мојот претходен пост Како да бидам “прв на google”? го завршив со двата главни чекори за да дојдете до пиедесталот т.е. до првата позиција на google, и да повториме тие беа: Оптимизација на самата веб страна и Создавање на линкови или врски од други веб страни до вашата. Верувам дека сега добро ги запомтивте, па нели во школо не учеа дека повторувањето е мајка на знаењето.

На прв поглед овие два чекори заедно со сите нивни под чекори и процеси, значат многу работа и значајна инвестиција пред се во време поминато во суредување на најситните и најмалите детали. Е сега а што ако ви кажам дека може да ги прескокнете овие два чекори и да го остварите “Американскиот е-Сон”, и преку ноќ да бидете “први на google”!  Лично, штом ќе чујам “преку ноќ”, незнам зошто но веднаш ме асоцира на мито, корупција и сите други убави зборови и термини по кои нели Балканот е попознат, небаре ние сме ги измислиле.
Читај повеќе »

Google: Зарем и ти во mainstream?!

Пред некој ден колегата Никола објасни како да се стигне до првата позиција на Google. E, сега во овој пост сосема ќе избегам од таа тема, бидејќи ненадејно “I killed the idol” и во овој пост си лечам мои лични фрустрации.

Мало предупредување, постов ќе го посветам на сите разочарани од Google или што се чувствуваат дека ја губат љубовта спрема Google,  како што е во мојот случај.

Неможев да не издржам, а да не ви го споделам моето несекојдневно сознание за mainstream-оста на Google.

Се почна од е-весникот што си го добивам на маил од ZDnet.

Читај повеќе »

Како да бидам “прв на google”?

Зошто да го користите google?

Ова прашање досега го имам слушнато многу пати од повеќе соработници и клиенти. Пред се станува збор за бизниси чии примарен фокус се “странците”, бидејќи нели тие се многу понапред од нас и тие користат извесен веб сајт www.google.com за да најдат информации и да направат споредба на цени и услуги.  Што е со бизнисите чии потрошувачи не се “странците”?

Зошто е важно да си “прв на google”?

Ме заинтересира дали и “не-странците” т.е домашните корисници знаат дека постои извесен сајт наречен google и зошто македонските бизниси ги интересира да бидат “први на google” само кога работат со “странци”? (зборувам за мнозинството од лично искуство, секоја чест на исклучоците)

Читај повеќе »

Twitter: Најдобрата бизнис идеа за 2009 / Што правиш ти?

Сакам да почнам со една цела секција на овој блог, на тема креативност и создавање нови идеи за бизнис и маркетинг на Интернет.

Наместо вовед, сакам само да си ја испразнам душичката со моето сфаќање на степенот на  моментален развој на денешниот Интернет бизнис.

Како љубопитен набљудувач и тешка забеготина по бизнис процеси и идеи, дојдов до изненадување за што не можев ни самата да си поверувам.
Кога се потсетив што се читав во изминатава година за бизнис идеи и нивен развој, кои се најдобрите бизнис брендови во моментов и тн. сфатив дека буквално СКРОЗ е променет бизнис mindset-ot. Дефинитивно, на луѓево им е смачено од “Како да се биде 1-минутен менаџер или пак “10 чекори до милионски бизнис”, што сигурно ќе се согласите дека беа топ “opinion” лидери па едно добри 15 години.

Читај повеќе »

Билборд против Facebook рeклама = 0:4

За да ве убедиме зошто треба да се инсистира на Маркетинг по социјални мрежи, ќе одговориме јасно и гласно на најбитните прашања:

ДА… функционира
ДА… може да направите пари, а и да заштедите многу, + голем % на РОИ
ДА .. може да ги измерите резултатите

Социјалните мрежи не се некој вебсајт, софтвер, алатка итн, туку група на луѓе што имаат потреба од инстантни информации и двојна комуникација, a се собрале на локации како Facebook или Twitter.

Читај повеќе »

Почни овде – процес на Маркетинг преку Интернет

proces internet marketing Почни овде   процес на Маркетинг преку Интернет
Не се обидуваме да ве убедуваме за можностите на интернет маркетингот и важноста од негова примена. Условите веќе одамна ги диктираат навиките, барањата и однесувањата на вашите купувачи. Очигледно е дека, ќе МОРА да се прилагодите, и ќе МОРА:

  • Да ја сфатите важноста на вашиот вебсајт
  • Сериозно да си се “позанимавате” со стратегија за Интернет маркетинг
  • Да донесете посетители на вашиот вебсајт
  • Да ги слушнете и одговорите на нивните барања испратени преку e-mail, коментар или контакт формите, итн
  • Да ги анализирате секојдневно резултатите, и
  • Да правите промени и прилагодувања на вашата (е)Маркетинг стратегија

Доколку ви звучев малку строго, запомнете дека се обидувам да ви заштедам многу пари, време и изгубени клиенти на НЕПОТРЕБЕН маркетинг.

Читај повеќе »

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes