Почни овде – процес на Маркетинг преку Интернет

Не се обидуваме да ве убедуваме за можностите на интернет маркетингот и важноста од негова примена. Условите веќе одамна ги диктираат навиките, барањата и однесувањата на вашите купувачи. Очигледно е дека, ќе МОРА да се прилагодите, и ќе МОРА:
- Да ја сфатите важноста на вашиот вебсајт
- Сериозно да си се “позанимавате” со стратегија за Интернет маркетинг
- Да донесете посетители на вашиот вебсајт
- Да ги слушнете и одговорите на нивните барања испратени преку e-mail, коментар или контакт формите, итн
- Да ги анализирате секојдневно резултатите, и
- Да правите промени и прилагодувања на вашата (е)Маркетинг стратегија
Доколку ви звучев малку строго, запомнете дека се обидувам да ви заштедам многу пари, време и изгубени клиенти на НЕПОТРЕБЕН маркетинг.
Пред да почнете со Google-ање на поими, фрази, tutorial-и, за Интернет Маркетинг, веб Маркетинг, е-Маркетинг, SEO, Social Media итн. ви препорачувам да ја запомните сликата за целиот процес на Маркетинг преку Интернет и постепено да стигнете до вистинските резултати.
Да бидеме поконкретни. Читајте и применувајте.
Во овој пост ќе го објаснам целиот концепт на Интернет Маркетинг како процес од 5 чекори.
За таа цел нацртав едноставен “чекор по чекор”дијаграм, за да видиме како се постигнуваат успешни резултати со Интернет Маркетинг.
½. Чекор - Запомнете ја сликата и следете ги следниве 5 чекори.
1. Содржина
На кратко, при пишување на содржина за вашиот вебсајт ќе мора да ги имате следниве прашања на ум:
- Која ви е целта?
- Со што се занимавате?
- Што нудите?
- Кој ќе ве чита?
- Каде сакате да кликнат?
- Како да ве најдат?
2. Оптимизација – читај: како да се спријателите со Google
- Клучни Зборови
- Наслов
- Опис
3: Промоција – Како да донесете посетители
- Каде се движат потенцијалните купувачи
- Сродни вебсајтови
4. Точки на контакт и повратен одговор
Во моментот кога ќе стигнете до посакуваната бројка на посетители, не заборавајте дека овие посетители треба да ги задржите. Запомнете дека целта е да имате лојални посетители, што еден ден ќе станат ваши купувачи:
конвертирани посетители во потенцијални купувачи > број на посетители
Како да ги конвертирате:
Дајте им бесплатна брошура, организирајте наградна игра, побарајте го нивното мислење, поставете форми за:
- Контакт
- Помош
- Зачленување со е-пошта
- Итн..
5. Тест, резултати, тест, резултати итн….
- Прашајте ги посетителите што му фали на вебсајтот
- Слушајте, слушајте и направете промени
- Задовoлни ли сте од резултатот?
- Ако не, врати се на чекор 1
[...] во својот пост Почни овде – процес на Маркетинг преку Интернет (доколку го имаш прескокнато, веднаш врати се и [...]