еМаркетинг вебинар: Имате вебсајт и што да правите со него?

Од Никола Бојков - сре ное 25, 6:01 am

Задоволство ми е да објавам дека нашата Интернет Маркетинг Агенција го спонзорира претстојниот вебинар организиран од е-Невладина на тема “еМаркетинг вебинар : Имате вебсајт и што да правите со него?”

На вебинарот ќе бидат разработени темите на Оптимизација за пребарување, начини на рекламирање на Интернет и последниот дел, интеракција со посетителите т.е  call to action. Бидејќи еден вебинар е премалку за да се покријат овие теми, овој вебинар ќе претставува вовед во серијата наредни вебинари, каде ќе биде организиран по еден вебинар посебно за секоја од наведените теми. На крајот на серијата вебинари, сите оние кои биле дел од сите вебинари ќе добијат сертификат од е-Невладина за професионален развој во областа на Интернет Маркетингот.

Па побрзајте и резервирајте го вашето место на претстојниот вебинар на следниов линк : Регистрирај се за првиот еМаркетинг вебинар. За повеќе детали и информации посетете го веб сајтот на е-Невладина.

Се гледаме на вебинарот, а во меѓувреме може да ги оставите вашите мислења, коментари и прашања за кои сакате да се дебатира на вебинарот.

1 коментар

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај
  1. Која Интернет Маркетинг Агенција го спонзорира?

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај