Што значи да си “прв на google”?!

Од Никола Бојков - нед ное 08, 6:35 pm

Зошто да го користите google?

Ова прашање досега го имам слушнато многу пати од повеќе соработници и клиенти. Пред се станува збор за бизниси чии примарен фокус се “странците”, бидејќи нели тие се многу понапред од нас и тие користат извесен веб сајт www.google.com за да најдат информации и да направат споредба на цени и услуги.  Што е со бизнисите чии потрошувачи не се “странците”?

Зошто е важно да си “прв на google”?

Ме заинтересира дали и “не-странците” т.е домашните корисници знаат дека постои извесен сајт наречен google и зошто македонските бизниси ги интересира да бидат “први на google” само кога работат со “странци”? (зборувам за мнозинството од лично искуство, секоја чест на исклучоците)


И не бев многу изненаден кога проверив според www.аlexa.com (колку и да не e релевантен овој извор, сепак дава некоја груба слика) google.com е втор веб сајт по посетеност веднаш по, нормално нели, facebook.com. Значи и ние сме знаеле за google и сме го користеле ! На ова сознание му фалеа бројки  па решив да ги  побарам.

И бев многу среќен кога дознав дека веќе 50% од населението постаро од 15 години или 833 410 жители,читај платежно способни, користи интернет и тоа 74% од нив или 616 723 користат интернет секој ден  и 90% или 555 050 од нив го користат за пребарување на информации и он лајн услуги (според податоците од Сопштението на Државниот Завод за Статистика).

ЗОШТО кога половина милион корисници секојдневно бараат информации и он лајн услуги, македонските бизниси си седат со скрстени раце?

Пред се мислам дека главен проблем е неинформираноста и недоволното познавање на интернетот како нов канал за пристап до потенцијални клиенти, партнери, соработници, работници и сл.

Што во превод значи да бидеш “прв на google”?

Катерина во својот пост Почни овде – процес на Маркетинг преку Интернет (доколку го имаш прескокнато, веднаш врати се и прочитај) го објаснува процесот кој треба да го следите, а ова е само еден дел од тој процес.

Можеби сте слушнале за поимот SEO или Оптимизација за пребарување, но што значи тоа за вас? За мене Оптимизација за пребарување (SEO), буквално значи Како да бидам “прв на google”!

Преведено во бизнис рамки, тоа значи контакт со повеќе потенцијални клиенти , што на крајот на денот значи повеќе работа,зделки, договори, или омилениот превод на повеќето верувам, значи повеќе ПАРИ! И што е најубавиот дел според мене е тоа што потенцијалните клиенти/партнери/соработници  се они кои ве бараат вас, т.е тие го прават првиот чекор и покажуваат интерес во вас или вашите производи или услуги! Што повеќе можете да посакате од тоа?

Полека но сигурно  дојдовме и до главното прашање:

Како да бидам “прв на google”?

Одговорот на ова прашање заедно со вас ќе се обидеме да го дадеме во вид на инструкции, совети,предлози,коментари и дефинирање на процеси и чекори.  Генерално се сведува  на главните два чекори кои се состојат од многу под чекори, а тие се :

  • Оптимизација на самата веб страна  и
  • Создавање на линкови или врски од други веб страни до вашата

Следете го блогов секојдневно и заедно со вас, чекор по черкор ќе го одговориме прашањето: Како да бидам “прв на google”? И што мислите вие за тоа да се биде “прв на google”, што значи тоа за вас? И ако веќе сте таму т.е сте “прв на google” споделете го тоа со сите нас!

1 коментар

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај
  1. Здраво,

    Јас во последниве неколку години се занимавам со СЕО ама само за странски клиенти, бидеќи во Македонија како да нема клиенти што сакаат да ја доминираат својата конкуренција на интернет. Или можеби има, но јас не сум ги сретнал.
    Јас ги користам следниве техники:
    - Тајп ин домејни,
    - Дуфолоу и нофолоу (да и овие се важни) линкови во специфичен однос,
    - Линкување од авторитетни или барем страни со слична или најдобро иста тема,
    - Линкување од платени текстови на туѓи блогови,
    - Висококвалитетен контент – оригинални текстови на помали од 450 до 500 зборови поради природно линкување, но и поради лонг тејл киворди.

    Исто така не мал трафик лежи и во торентите, каде гугл уопште не ти ни треба.

    Ви оставив веб страна каде што се гледа дека тајп ин домејнот е многу важен. Имам високо таргетиран трафик од СЕО специјалисти, веб мастери и СЕО фирми. 80% се од Индија, 15% од САД и 5% од Кина.

    Ако ви треба повеќе информации слободно контактирајте ме.

    Поздрав

Comments 1 - 1 of 1Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај