Од што зависат резултатите во google?

Од Никола Бојков - саб ное 21, 5:00 am

Во претходниот пост прикажување на резултатите во Google ги објаснив елементите на резултатите од пребарувањето и како вие може да влијаете на тоа како вашиот веб сајт е прикажан во страната со резултати во google.  Наредно прашање кое се поставува е: од што зависат овие резултати, односно како google одредува кој да биде прв,втор, трет итн во листата со резултати?

Веќе споменав 2 работи од кои директно зависат резултатите во google во како да бидам прв на google? а тие беа:

  • Оптимизација на самата веб страна  и
  • Создавање на линкови или врски од други веб страни до вашатa

До скоро резултатите практично зависеа само од оптимизацијата и создавањето на линкови. И за наша среќа можеме директно да влијаеме на истите, и нашите резултати директно зависеа само од нас. Денес google, полека но сигурно се повеќе и повеќе почнува да ги користи повратните информации од своите корисници, односно оние кои ги вршат пребарувањата, со цел резултатите да бидат што е можно по прецизни и релевантни. Исто така се поголем акцент се става на локацијата од каде се врши пребарувањето, односно предност во резултатите добиваат оние бизниси кои се наоѓаат на иста локација или во близина на локацијата од каде што се врши пребарувањето.

Значи кон претходните две точки може да ги додадеме и следниве:

  • Повратни информации од корисниците  и
  • Локација од која се врши самото  пребарувањето

За да можете да му кажете на google што вие мислите за резултатите, најпрво треба да сте логирани во google/gmail. Еве како изгледаат резултатите откако ќе се логирате:

Повратни информации за резултатите во Google

Повратни информации за резултатите во Google

Вие можете да оставите коментар за секоја предложена страна, да ја унапредите т.е да се искачи погоре во резултатите, а подоцна можете и да ја вратите на местото каде што оригинално била, или доколку сметате дека предложената страна не е релевантна на вашето пребарување да ја отстраните од резултатите. На овој начин му кажувате на google кои страни вие сметате дека најмногу одговараат на пребарувањето.  Со ова google останува верен на својата филозофија, корисниците се најважни и во иднина токму тие ќе одлучуваат за ранкингот во резултатите.

Погледнете ја разликата во резултатите при пребарување за “интернет маркетинг” во google.mk i google.bg :

google.mk

google.mk

и

google.bg

google.bg(забележете колку платени резултати има во Бугарија)

Дефинитивно локацијата од каде се врши пребарувањето има голема улога во резултатите кои се прикажани. Имајќи го ова во предвид доклку вашиот таргет е Македонија, мој предлог е да регистрирате .мк домен, а доколку сакате да го освоите светот земете си .com домен.

0 коментари

Comments 1 - 50 of 0Почеток« претходноследно »Крај
Comments 1 - 50 of 0Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај