Заврши си го домашното за да бидеш прв на Google

Од Никола Бојков - пон ное 23, 1:31 pm

Изгледа дека ми стана интересно да си пишувам на блогов.

Темата за денеска ми е “Заврши си го домашното пред да почнеш со какви и да било работи поврзани со Интернет маркетинг”.

Што всушност треба да се направи???

Ова што ќе го споделам не е некоја шема и се надевам дека секој од вас има различни пристапи кон ова што сакам да го потенцирам.

Значи имате веб страна(сајт) и не е важно дали е бизнис ориентиран. Сакате да си го зголемите присуството на најголемите пребарувачи како Биг-Џ и Џаху. Еве ја мојата постапка која што ја нарекувам домашна задача.

Најпрво се размислува што всушност треба да истакне вашиот сајт. Значи кои зборови или кои фрази се важни и го опишуваат најдобро. На еден лист хартија запишете ги сите зборови кои што мислите дека ја опишуваат вашата веб страна и сите фрази кои што мислите дека се најдобри за вас. (добра практика е да се ориентирате спрема себе, значи ако вие сте независен посетител на сајтот и се прашувате како да дојдете до него преку некои од големите пребарувачи тогаш тоа се зборовите што ви требаат во моментот). Откако ќе си направите една листа од 20 збора и 10 фрази следи најинтересниот момент за мене, а се надевам и за вас. Значи одите во Google и пребарувате колку индексирани страни (значи конкуренција која што се гледа во горниот десен агол од Биг-Џ) имате за тој збор или фраза. Совет на многумина искусни интернет маркетери е да се таргетираат зборови кои што имаат минимум 10 илјади, а максимум 100 000 индексирани страни или конкуренција во Биг-Џ. Откако ќе направите листа на најидеалните (макар што не постои идеален збор или фраза) почнете да ја оптимизирате вашата веб страна за тој збор или фраза. Што треба да се направи за да се биде ПРВ на Гугл зависи од многу многу фактори.

Густина на зборовите, линкови од надвор(DoFollow или пак NoDoFollow), платени линкови, маркетинг на Facebook или на Google Adwords. Итн…

Ова беше само почеток.. Приказната продолжува….

2 коментари

Comments 1 - 2 of 2Почеток« претходноследно »Крај
  1. dobar sovet

  2. Да , се е тоа точно што го прочитав. Јас и го направив Прв. за некои клучни зборови. на пр: детски соби. на google сум 1. Па дури и 8 линкови од мојот сајт се први, па следат останатите. Поздрав

Comments 1 - 2 of 2Почеток« претходноследно »Крај

Коментирај